Фотографија која што им ја „замрзна крвта“ на Канаѓаните: Се заоструваат односите со Саудиска Арабија

Точка

07/08/2018

11:42

4.434

Големина на фонт

а а а

Спорот помеѓу Канада и Саудиска Арабија започна кога канадските високи функционери започнаа со критикување на апсењата на активистите во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија ги стопираше летовите кон Торонто, откако Канада побара ослободување на активистките за правата на жените. Властите од Ријад му дадоа 24 часа на канадскиот амбасадор во Саудиска Арабија да ја напушти државата и експресно ги замрзнаа сите трговски односи со Канада, додека пак од Отава најавија дека ќе продолжат да ги бранат човековите права.

Во меѓувреме, британски „БиБиСи“ пренесува дека на социјалната мрежа Твитер била објавена контроверзна фотографија на профил поврзан со саудиските власти, на која што може да се види како канадски патнички авион лета кон познатата “CN” кула во Торонто.

На фотографијата стои текстот: „На секој кој што се меша во туѓи работи, ќе му се случи тоа што не го посакува“.

Оваа објава предизвика вистинска лавина на реакции на социјалните мрежи, а многумина ја поврзаа со терористичкиот напад во Њујорк во 2001-ва година и рушењето на Светскиот трговски центар – напад кој што беше организиран и спроведен воглавно од државјани на Саудиска Арабија.

Профилот со објавата на Твитер набрзо беше избришан, но останатите корисници на Твитер веднаш ја превзедоа фотографијата која што и натаму кружи на интернет.