Сари за Куртоа: Во екипата сакам само мотивирани играчи

Точка

06/08/2018

10:04

1.110

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Челси со последната изјава можеби и ја остави отворена можноста голманот Тибо Куртоа да го напушти лондонскиот клуб ова лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека агентот на белгискиот голман неодамна побарал од Роман Абрамович да го продаде во Реал Мадрид. Куртоа на тој начин би бил поблиску до неговите деца кои што живеат во Мадрид, а се чини дека со неговото заминување би немал проблем ниту тренерот на Челси, Маурицио Сари.

„Не сум заинтересиран да разговарам со агентот, мене ме интересира само играчот. Сакам да го слушнам Куртоа“, изјави Сари и додаде:

„Ако неговите зборови бидат исти, тогаш ќе мора да разговарам со челниците на клубот затоа што во екипата сакам да имам само играчи кои што ќе бидат најмногу мотивирани да играат тука“, изјави Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг