Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини, на чело со Јанко Бачев од Единствена Македонија, почнаа кампања под слоганот Македонија бојкотира.
28 организации потпишаа меморандум и формираа т.н Кризен штаб за кампањата.
„Ние сме собрани да недозволиме да не избришат од светската мапа на нации. Оваа битка е поголема од предавничката на власта. Ја спречуваме промената на името. На Илинден им сметаше МТВ, бојкотот значело прифаќање на Договорот со Грција а тоа е лага. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците, рече Бачев.
Најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.