Паника во Брисел поради Брегзит: Откриено е зошто ЕУ мора да постигне договор со Велика Британија

Точка

03/08/2018

16:29

4.178

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Европската унија е подготвена за компромис во однос на Брегзит откако главниот преговарач Мишел Барние објави многу помек став во врска со преговорите во однос на претходниот период.

После неколку месеци одбивање да се прифати компромисот, Барние беше под притисок на владите на земјите членки на Европската унија кои што се свесни дека Велика Британија би била подготвена да си оди без договор.

„Се предлага применување на царинските правила на Европската унија без учество во правниот поредок на ЕУ. Така Велика Британија сака да го врати суверенитетот и контролата над своите закони, кои што ги почитуваме, но не може да бара од Европската унија да ја загуби контролата над своите граници и закони“, порача Барние.

Оваа изјава пристигнува пред извештајот во Брисел според кој члениците на Европската унија се загрижени дека Велика Британија ја има превземено иницијативата.

„Мишел Барние и натаму е главен преговарач на ЕУ, но неговите насоки на преговарање поставени од шефовите на државите можат да се променат под притисок на Тереза Меј“, изјави еден неименуван дипломат за западните медиуми.

Тој призна дека постои сознание дека ако се избегне сценарио без да биде постигнат договор, тогаш „нешто мора да се направи“. Извори од Брисел откриле дека Франција е најтежок преговарач и дека е „изолирана држава“ во однос на притисокот врз Велика Британија.

Неочекуваното омекнување на позициите на Европската унија го следи предупредувањето на новиот министер за внатрешни работи Џереми Хант, дека ЕУ се соочува со катастрофа ако предизвика „заминување на Велика Британија без договор“.

Извештаите покажаа дека опцијата на Светската трговска организација во која што Велика Британија нема да плати 39 милијарди фунти за излегување од Европската унија и продолжувањето да тргува со Унијата по правилата на Светската трговска организација ќе ѝ помогнат на Велика Британија да расте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг