Доколку сте некој кој сака масивни и издржливи спортски часовници, тогаш Gorilla Fastback Drift е совршениот подарок за вас.
Инспирирана од легендарната часовничарска компанија Audemars Piguet, компанијата Gorilla Watches одлучила да го копира швајцарскиот принцип за креирање на часовници и да претстави спортски и издржливи верзии на часовници кои навистина се интересни за око.

Fastback Drift е првиот модел од оваа компанија за кој можеме да кажеме дека изгледа фантастично. Тој е визуелно преубав и потсетува на G Shock моделите поради својата гумена, заштитна маска, иако делува многу поелегантно и поубаво.
Куќиштето е со големина од 44 милиметри, што значи дека е прилично големо и е направено од лесен, но издржлив карбон кој е отпорен на удари, гребаници и високи температури. Во внатрешноста на куќиштето се наоѓа прецизен ETA 2824 механизам кој е навистина одличен. Стаклото на бројчаникот е исто така отпорно на гребаници и удари, а самиот часовник има можност да се носи на длабочини од 100 метри, што значи дека е погоден и за нуркачи.

Секако, овој часовник може да се носи и во работни услови бидејќи е многу отпорен и издржлив така што неговите креатори сметаат дека ќе има голем број купувачи. Цената на овој часовник ќе изнесува 3000 долари, што кога ќе се земе предвид неговиот изглед и неговата долготрајност, тогаш оваа цена сосема одговара на квалитетот.

