Заев не успеал да го убеди Мицкоски да ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Макфакс

28/07/2018

15:35

4.044

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ остаува на истиот став за референдумот. Опозициската партија и покрај најавите дека в понеделник Собранието ќе го распише референдумот, вели дека нема да ги признае резулатите доколку истиот биле консултативен, а не задолжителен.

На последната лидерска средба, Мицкоски рече дека со власта се разидуваат во мислењата за тоа како треба да гласи референдумското прашање на кое граѓаните ќе треба да се произнесат.

Потпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денес изјави дека тие ставот го повториле неколку пати и остануваат на истиот.

„Ставот е ист како оној на лидерската средба нема никакво помрднување, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постојат консултации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта околу референдумското прашање и за карактерот на референдумот.

Потпаролот Арсовски не даде одговор на прашањето дали опозицијата ќе учествува на седницата за распишување на референдумот која е најавена за понеделник, а молк од ВМРО-ДПМНЕ и за тоа каква улога ќе заземе партијата за време на референдумот.

Премиерот Зоран Заев по последната лидерската средба изјави дека не е постигнат договор за референдумот за името со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По прекинот на лидерската средба премиерот кажа и дека Мицкоски не сакал да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдум по сопствено убедување. Заев го обвини Мицкоски дека не успеал да го препознае моментот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг