Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение предупреди на 13 црни сценарија во кои опозицијата на чело со нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, би ја втурнале Македонија.
Соопштението го пренесуваме интегрално:
1. ВМРО-ДПМНЕ сака Македонија да остане изолирана и затоа се обидува да го кочи пристапувањето во НАТО и ЕУ.
2. ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се избори за амнестија за криминалот на фамилијата.
3. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато да ги малтретира гласачите, па сака да го ускрати нивното право на референдум да одлучат за сопствената за иднината на државата.
4. ВМРО-ДПМНЕ не сака независни медиуми и затоа пред референдум го блокира носењето на Законот за медиуми.
5. ВМРО-ДПМНЕ сака небезбедни граници, конфликт и неизвесност, затоа е против НАТО и ЕУ.
6. ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во минатото и зборува само за небиднина, наместо за иднина.
7. ВМРО-ДПМНЕ си го бара минатото со партизирани институции каде администрацијата е под диктат, затоа се против европските реформи.
8. ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да се врати времето на Сваровски судството.
9. ВМРО-ДПМНЕ шири поделби и граѓаните ги дели на наши и ваши, на Македонци и неМакедонци.
10. ВМРО-ДПМНЕ жали по сомнителни иневститори како Субрата Рој.
11. ВМРО-ДПМНЕ поддржува насилство, и уште полошо, бара амнестија за насилниците од 27 април.
12. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и неговите ментори сакаат минато, за повторно нелегално да прислушуваат и да им дишат во врат на илјадници граѓани.
13. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и фамилијата сакаат да го крадат сопствениот народ преку провизии и криминални тендери, сакаат држава без ред и затоа се против ЕУ и НАТО.
Македонија одамна ги надмина 13-те црни сценарија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Волјата на граѓаните повторно ќе биде конечна и јасно определена за напредок, правда и квалитетен живот.
ВМРО-ДПМНЕ има 13 причини да ја држи Македонија во заложништво, но граѓаните имаат илјадници причини да кажат ДА за македонската иднина.