Костадинов: Ќе има ДИК, ќе има и референдум, аменстија на криминалот нема да има

Макфакс

24/07/2018

17:02

1.474

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бесрамно тргуваат со националните интереси на Македонија, на сметка на амнестија за криминалите на фамилијата. Мицкоски вчера неодговорно и срамно избега од решение, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

„Иако ВМРО-ДПМНЕ со години се залагаше за референдум за Договорот со Грција, Мицкоски вчера бесрамно го услови договорот и идниот реферндум, со амнестија на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски одби да се откаже од својата намера преку бојкот да се обидува да ги уништува ЕУ и НАТО перспективите на граѓаните.

Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турне Македонија во изолација и неизвесност, во темното минато на криминал и неказнивост. Колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина.

Македонците со своите сограѓани од сите етнички заедници кои живеат во Македонија одат напред, таму кадешто припаѓаме, во ЕУ и НАТО, рамо до рамо со големите сили.

Како одговорна партија, заедно со сите политички субјекти кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможиме волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.

Ќе победи волјата на граѓаните. Ќе има ДИК, ќе има и референдум, аменстија на криминалот нема да има“, нагласи Костадинов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг