Костадинов: Мицкоски е предавник на највисоките национални интереси на Република Македонија

Макфакс

23/07/2018

20:22

2.387

Големина на фонт

а а а

Од СДСМ го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека со денешното однесување, како што велат, покажал дека не успева и не сака да го препознае моментот.

„Наместо иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски избра да остане во темното минато, на страната на криминалот, изолацијата, темнината. Тој сака и граѓаните да останат во темнина. Денеска, по лидерската средба се стана јасно. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека им бил важен изборот на ДИК со двотретинско мнозинство. Лажеа дека сакаат во ЕУ и НАТО, лажеа дека сакаат правна држава и реферeндум на кој граѓаните ќе одлучат.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаа една и единствена цел – амнестија на криминалот по секоја цена. Дури и по цена да нема референдум, доколку нема амнестија.

ВМРО-ДПМНЕ партијата што една децеција заговараше рефернедум, денеска избега од таквата обврска. Мицкоски вели дека сака во ЕУ и НАТО, а не поддржува ниту еден чекор кон таа цел. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја испуштија шансата да застанат зад македонските национални интереси. Отсега па натаму историјата ќе им суди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Како парламентарно мнозинство имаме обврска да ја обезбедиме иднината на нашата држава и тоа ќе го направиме. ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Ќе победи волјата на граѓаните! Македонија ќе усппее.

СДСМ со сите сили и со сите политички партии кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможи да победи волјата на граѓаните“ порача Костадин Костадинов од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг