Приведени Британци на Ибица за групно силување девојка

Макфакс

22/07/2018

16:44

3.408

Големина на фонт

а а а

Шпанската полиција приведе четворица британски туристи во одморалиште во Сан Антонио на Ибица, поради сомнеж дека групно силувале 29-годишна Британка.

Полицијата ги привела мажите кога Британката пријавила дека била жртва на сексуален напад и дека еден од осомничените и дал две пилули, по што и се слошило, пренесе „Дејли мејл“.

Двајца од четворицата приведени се на возраст од 21 до 30 години. Тие се задржани во притвор и како што се верува, се работи за браќа. Останатите двајца со кауција се ослободени од притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг