Тоти излезе со свој став за мега трансферот на Роналдо во Јувентус: Јасна е фрустрацијата, но…

Дерби

21/07/2018

14:00

2.688

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо уште извесно време ќе биде топ тема во Италија поради мега трансферот кој го изрежира од Реал Мадрид во Јувентус, но она што е необично во оваа ситуација е тоа што доста позитивно на оваа зделка гледаат и добар дел од ривалите на италијанскиот шампион.

Најголем дел од јавноста и експертите се едногласни дека Роналдо ќе ја одведе Серија А едно ниво погоре и дека неговото пристигнување на Апенините е голем плус од маркетиншки план за италијанскиот фудбал, мислење со кое сега се согласи и Франческо Тоти кој за првпат го искоментира „бомбастичниот“ трансфер на Јувентус.

– Дали сум разочаран што нема да можам да се соочам со Роналдо? Не, јас веќе играв против него додека бев активен. Се сретнав со него и среќен сум бидејќи тој ќе му донесе толку многу на италијанскиот фудбал. Тој е неверојатен, најдобар во друштво на Меси. Се надеваме дека ќе биде добар и во Италија и дека ќе може да ја врати Серија А на нивото на кое беше претходно. Нормално е да има фрустрација и одредено деморализирање меѓу фановите на другите тимови, но ние мора да останеме мирни. Целта на Рома е да ги направи играчите среќни, а исто така и фановите. Сите очекуваат големи имиња, а ние го даваме најдоброто од себе, – вели Тоти за „Скај Италија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг