Груби влезе во конфликт со пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

20/07/2018

15:12

1.233

Големина на фонт

а а а

Со бурни реакции, меѓусебни навреди и бројни паузи се одвива амандманската расправа за измените на Изборниот законик што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Пред да даде пауза, претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, влезе во вербален конфликт со пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, која на говорницата постави европско знаменце и бараше да ги образложи амандманите. Кога ѝ помина времето за зборување, Груби ѝ рече да се врати на место, а таа побара да ѝ го вклучи микрофонот.

На прашање на Груби уште колку време ѝ треба да заврши со дискусијата, таа му одговори: „Сè додека не завршам“.

Груби тогаш продолжи да чита имиња на пратеници кои се јавиле за збор, додека пратеничката стоеше на говорница. Груби повторно ѝ се обрати велејќи ѝ: „Ви благодарам, завршивте со дискусијата“, по што нејзините сопартијци почнаа да негодуваат и да дофрлаат од место.

Тогаш Груби ги замоли сите пратеници да се однесуваат достоинствено и им рече на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: „Знаете како ќе се однесувате европски? Ако гласате на рефрендумот ‘за’“.

Се очекува комисиската расправа за амандманите да трае до полноќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг