Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негодуваат, Груби продолжи со седницата

Макфакс

20/07/2018

13:49

1.038

Големина на фонт

а а а

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека тоа што прашал дали го повлекуваат првиот амандман, не е заклучок дека е отворена општа расправа.

„Ја разбирам вашата интенција да ја завршите целата работа. Расправа на оваа комисија немате отворено. Ве молам, барем ова може да се почитува. Со амандманите бараме да се почитуваат законите, уставот, деловникот на Собранието. Знам дека ќе ја истерате работава и вашата агенда“, рече Данев.

На ова Груби реагираше дека ги прашал пратениците дали го повлекуваат првиот амандман, а тие одговриле потврдно. Со тоа, според него, ја поминал општата расправа.

Груби од говорницата ги чита измените во изборниот законик, а со тоа тече времето за расправа по амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната седница се разгледуваат 401 амандман, кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги образложат. Потоа, треба да се гласа за измените.

Седницата беше отворена вчера од страна на претседателот на комисијата, Груби, но по отворањето беше одложена. Според ВМРО-ДПМНЕ, не може измените на Изборниот законик да се дискутираат на Комисијата за европски прашања и да се користи европското знаменце, бидејќи, ЕУ не се меша во изборните законици и остава секоја држава самостојно да ги креира. Според нив, ова е класична злоупотреба за инструментот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг