Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Макфакс

20/07/2018

13:14

976

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби дека Владата ставила европско знаменце на предлог законот за измени на изборниот законик, што е спротивно на деловникот.

Димовски рече дека треба да се затвори расправата, бидејќи како што истакна, оваа комисија не е матично тело за расправа, туку Комисијата за избори и именување. Ако Џафери постапува согласно деловникот, соред Димовски, ќе треба да го врати законот до Владата и тие од почеток да го поднесат.

“Ако ги запре граѓаните полиција зошто возеле побрзо од дозволеното, не смее никој да ги казни ако покажат европско знаменце. Младите можат да си купат саат, цигари, што било со знаме од ЕУ и да не бидат казнети за ништо. Ваков пример оставате на граѓаните. Груби, вие не можете да отворите амандманска расправа, туку општа, бидејќи ова не е матично тело”, рече пратеникот Илија Димовски обраќајки му се на Артан Груби.

Димовски тврди дека законот се носи без консултации со опозицијата. Тој даде предлог да се укине Собранието, а да доаѓаат на работа само Груби и Џафери. Вториот предлог е да се намали кворумот за донесување на изборниот законик и да се гласа со 42 пратеници затоа што мнозинството тешко собирало кворум за гласање.

“Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК. Отидете кај Џафери напишете ги предлозите, отидете во пленарна и гласајте го. Потпишете се вие 2 пати, Џафери два пати и објавете во Службен весник, медиуми, каде сакате”, рече Димовски.

Груби отвора претрес за бришење на првиот амандман, а ВМРО-ДПМНЕ се бунат дека прво треба да ја отвори расправата пред да се разгледуваат амандманите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг