Во Бразил уапсен "Др. БумБум": Естетскиот хирург го зголемувал задникот на банкарска службеничка, кога сè тргнало наопаку

Точка

20/07/2018

10:51

4.340

Големина на фонт

а а а

На жената во текот на операцијата и се слошило, па "Др. БумБум" ја одвел во болница, каде починала неколку часа подоцна.

Бразилската полиција го уапсила славниот естетски хирург кој бил во бегство откако една пациентка починала откако примила инекции за зголемување на задникот. 

Денис Сезар Барос Фуртадо, познат и како "Др. БумБум", според зборот кој во бразилски жаргон се користи за тој дел од телото, бил уапсен во деловен комплекс во предградието на Рио Де Жанеиро.

Полицијата соопштила дека Фуртадо извршил процедура за зголемување на задникот на банкарската менаџерка Лилијан Калишто.

На Калишто во текот на операцијата и се слошило, па Фуртадо ја одвел во болница, каде починала неколку часа подоцна. Вистинската причина за смртта не е позната.

Фуртадо после тоа исчезнал, па бил издаден судски налог за негово апсење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг