Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за измени на Изборниот законик

Макфакс

20/07/2018

09:51

650

Големина на фонт

а а а

Комисијата за европски прашања ќе продолжи денеска во 11 часот, а на дневен ред се 401 амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за измени на Изборниот законик по скратена постапка.

Вчера седницата беше прекината за да се архивираат и преведат амандманите кои опозициската партија ги поднесе непосредно пред почетокот на Комисијата, која, пак, претседателот Артан Груби, ја закажа експресно по завршување на лидерската средба.

Според Деловникот, Комисијата има два дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик што ги предложи Владата. Груби, рече дека очекува гласањето да биде в сабота кога истекува рокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг