Рапер снимаше спот пред водопад кога камерите ја снимија големата трагедија: Сите тргнаа да помогнат, но веќе беше доцна...

Точка

20/07/2018

09:30

7.558

Големина на фонт

а а а

Кога еквадорскиот рапер Дон Деј започнал да снима видео спот на една атрактивна локација во близина на водопад, не можеше ниту да замисли дека камерите ќе забележат голема трагедија во позадина.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Каролос Понтун допатувал во Еквадор со група на туристи, по што одлучил од врвот на водопадот Лагуна Салто де Оро да скокне во смрт. За сето тоа да биде уште поморничаво, во тој момент раперот Дон Деј (Диего Алварез) снимал спот за својата нова песна, по што камерите го фатија моментот од самоубиството.

Mirar atrás no es malo, regresar atrás eso es malo ???

A post shared by Don Day ??? (@diamantedonday) on

Тој беше свртен со грбот па не забележа ништо, но екипата која што го снимаше видеото го забележа моментот, по што неколку луѓе веднаш скокнаа во водата за да му помогнат на човекот кој што од огромна висина падна во водата.


Сепак, според тамошните медиуми, веќе било предоцна затоа што човекот починал на лице место. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг