Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Макфакс

19/07/2018

17:08

1.980

Големина на фонт

а а а

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашањето кое вчера го соопшти премиерот Зоран Заев и додаде дека не го разгледале ниту во партијата.

„Мој впечаток кој не се темели на чувства туку на вистинските заложби на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се вистинските европски вредности и принципи. Доколку се стремиме кон вистински европски принципи така треба и да се однесуваме и не само декларативно да ги соопштуваме. Тоа подразбира почитување на законите и Уставот и да превенираме било каков обид да се изигра волјата на граѓаните односно да се поставуваат повеќесмилени прашања за круцијални теми“, рече Мицкоски по лидерската средба.

Тој кажа дека за некои од темите има приближување во ставовите, а за некои не. „Се договоривме в недела навечер или понеделник наутро да ги продолжиме разговорите во овој формат“, рече Мицкоски без да открие детали од средбата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг