Обвинение за три лица кои тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Макфакс

19/07/2018

15:58

1.221

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело „трговија со дете“, а за истото кривично дело обвинети се и уште две лица кои биле корисници на сексуални услуги во истиот случај.

Обвинителството утврдило дека во периодот од почетокот на декември минатата година до 6 февруари годинава, во Кавадарци, Радовиш, Штип и село Мислешево – Струшко, обвинетата, со употреба на сила, закани и измама ја искористила немоќта на детето кое немало наполнето 14 години.

Жената ја експлоатирала малолетничката во сексуални активности и за паричен или друг надоместок ја превезувала, ја продавала, ја нудела на продавање, ја засолнувала и организирала присилен брак на детето.

Другите двајца обвинети, иако знаеле дека детето е жртва на трговија со луѓе, ја искористувале и овозможувале на друг повеќекратно искористување за секс, со што го сториле кривичното дело за кое се товарат.

Како резултат за злоупотребата, девојчето останало бремено и било принудено да ја прекине бременоста. Поради постапките на обвинетите, детето во одреден временски период имало нарушена здравствена состојба, душевно трпело и чувствувала физичка болка од нанесени телесни повреди.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети.​




Спонзорирани линкови

Маркетинг