Утре без вода жителите на неколку улици во Центар

Макфакс

19/07/2018

15:17

769

Големина на фонт

а а а

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека утре ( петок ), поради поставување водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Козара бр.20, во периодот од 9:00 часот па сè до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Козара (општина Центар).

Поради реконструкција на водоводна мрежа од ф-100 мм на раскрсница меѓу улиците Ѓуро Ѓоновиќ и Маџар Маало, во периодот од 9:00 часот па сè до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало (општина Центар).