Хорнер: Нема да го жртвуваме Торо Росо

КРУГ.МК

19/07/2018

17:03

963

Големина на фонт

а а а

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека нема да ја форсираат Хонда да го жртвува Торо Росо за тестови сезонава, со цел подобар мотор наредната сезона. Ред Бул во следните две години ќе соработува со Хонда откако одлучи да не го продолжи договорот со Рено, со кого беа партнери цели 12 години.

Пред неколку дена доктор Хелмут Марко изјави дека Торо Росо може да добие казни и да стане експеримент на Хонда, со цел колку што може подобар мотор за 2019 година.

Хорнер изјави дека тоа не е план за Торо Росо бидејќи тие имаат свои цели кои треба да ги следат.

„Мислам дека нема да го жртвуваме Торо Росо, но очигледно има можности од кои може да се добие нешто и на крајот Торо Росо ќе добие корист. Сите работи се отворени, Торо Росо води нивна битка кај конструкторите и тоа е важно“, откри Хорнер.

Хонда претстави нова надградба во Канада, но сеуште перформансите и трајноста на моторот не се на очекуваното ниво. Сепак, она што го покажаа во Монтреал беше доволно на челниците од Милтон Кинс да се решат да го променат својот добавувач на мотори. Хорнер не е загрижен и смета дека Хонда се движи во вистинска насока.

„Од тоа што го видов во Австрија и Силверстон мислам дека перформансите се слични со Рено. Секако Торо Росо вози со различна потисна сила на патеките. Мислам дека Хонда е на вистинскиот пат. Тие имаат нивни цели и треба да продолжат со работа и да соработуваат за новото партнерсто“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг