Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Макфакс

19/07/2018

10:48

3.645

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските избори во САД во 2016 година и потврдно одговорил на прашањето дали рускиот претседател го смета лично одговорен за тоа.

Новинарот Џеф Глор го потсетил Трамп дека претходно изјавил дека се согласува со оценката на разузнавачките служби на САД дека Русија се мешала во изборите во 2016 година.

„Да, и тоа веќе го кажав Џеф. Го кажав тоа многупати и велам дека тоа е точно“, рекол Трамп.

„Јас би го сметал за лично одговорен што тој е на чело на државата. Како што себе се сметам одговорен за работи кои се случуваат во нашата земја. Така што, како лидер на земјата секако го сметам за одговорен, да“ изјавил американскиот претседател.

Глор го прашал Трамп што му порачал на Путин во врска со тоа прашање за време на нивната средба во Хелсинки.

„Го потенцирав фактот дека не смее да постои мешање, не смееме да имаме ништо слично. Ние живееме во свет на возрасни…Му порачав дека не може така, нема да има повеќе такви работи и така мора да биде“, порачал Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг