Доналд Трамп сепак го промени мислењето: Да, Русија се вмеша во нашите избори, но...

Точка

18/07/2018

09:53

3.471

Големина на фонт

а а а

Трамп на новинарите им појасни дека изговарајќи ја клучната реченица на новинската конференција, заборавил да го вметне „не“ во реченицата, па сето тоа резултирало со спротивно значење на тоа што всушност сакал да го каже.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека не се изразил баш добро на конференцијата за новинари која што во понеделникот ја имаше во Хелсинки заедно со својот руски колега Владимир Путин.

После жестоките критики, американскиот претседател се поправи и порача дека тој ги прифаќа заклучоците на американските разузнавачки агенции за руското мешање во изборите во претседателските избори во САД пред две години.

„Ги прифаќам заклучоците на нашите разузнавачки служби според кои Русија се вмешала во нашите избори во 2016-та година“, изјави Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа, нагласувајќи дека многу ги почитува разузнавачките агенции на САД.


Сепак, Трамп не пропушти да нагласи дека влијанието на Русија немало никаков ефект на резултатот на претседателските избори.

Трамп во понеделникот во Хелсинки се сретна со Путин и порача дека не гледа причини да верува дека Русија се вмешала во американските претседателски избори пред две години и дека Путин сето тоа „крајно енергично го негирал“.

Трамп веднаш потоа беше изложен на жестоки критики поради таквата изјава со која што всушност ги поткопа американските разузнавачки агенции кои што во еден опсежен извештај потврдија дека имаат информации за руската вмешаност во изборите во САД.


Голем број на сенатори го обвинија Трамп дека покажал голема слабост пред рускиот претседател со таквата изјава. Еден од најистакнатите репибликански сенатори, Џеф Блејк изјави: „Никогаш не сум мислел дека ќе го доживеам денот кога американски претседател ќе стои на подиумот со руски претседател и за руска агресија ќе ги обвини Соединетите Американски Држави. Тоа е срамно“

Покрај Републиканецот, се огласи и лидерот на Демократите во Сенатот, Чак Шумер кој што порача дека е „непромислено, опасно и слабо, претседател на Соединетите Американски Држави да застане заедно до Путин против американските закони, американските функционери и американските разузнавачки агенции“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг