Мекејн: Состанокот во Хелсинки е „трагична грешка”

Макфакс

17/07/2018

13:27

1.126

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор Џон Мекејн смета дека состанокот на американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, е „трагична грешка”.

Тој го обвини американскиот претседател дека „не само што не ја кажува вистината за непријателот туку и не ја брани својата земја“.

„Нашиот претседател не го бранеше тоа што сме – република на слободни луѓе посветени на целта – на слободата во земјата и во странство. Јасно е дека самитот во Хелсинки е трагична грешка”, пишува во изјавата на Мекејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг