Хан: Политичките игри да се остават на страна

Макфакс

17/07/2018

10:46

838

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, порача дека европските перспективи треба да се сфатат како национална цел. Тој ги повика сите страни да се вклучат во реформите, а политичките игри да се остават на страна.

„Кога разговарам со различни претставници, сите велат дека се за ЕУ-перспективите и за евро-атланска иднина на оваа земја. Очекувам во име на таа цел, политичките игри да се остават на страна и сите да се фокусираат кон истата цел. На крајот секој политичар ќе биде оценет“, истакна Хан.

Тој на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името.

Хан од Скопје го означи стартот на скрининг-процесот за почеток на преговорите со ЕУ. Тој во текот на денот ќе се сретне и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и со собранскиот спикер Талат Џафери. Двете средби ќе бидат во Собранието. По завршувањето, Хан заминува за Тирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг