Хан во Влада со Заев, потоа на средби со Џафери и Мицкоски

Макфакс

17/07/2018

09:48

1.035

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан од Скопје го означи стартот на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој пристигна во Владата, каде ќе присуствува на владината седница на која ќе се разговара за капацитетот и структурата на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија.

Хан ќе се сретне и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но и со собранскиот спикер Талат Џафери. Двете средби ќе бидат во Собранието. По завршувањето, тој заминува за Тирана.

Скриниг процесот ќе биде насочен кон судството, борбата против корупцијата, владеењето на правото, јавната администрација, безбедносните и разузнавачките служби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг