Деца трпеле страшно злоставување, светот згрозен: Родителите ги терале на инцест и ги хранеле од под

Точка

16/07/2018

10:46

5.330

Големина на фонт

а а а

Адвокатот на двете деца од Британија, чии имиња и пол не се објавени, поднел тужба против министерството за здравство поради психофизичко злоставување со најголемо барање за оштета во историјата на британското правосудство.

Нивниот адвокат наведува дека во родителската куќа децата биле изложени на сексуално насилство и дека никогаш нема да закрепнат од тоа што го преживеале. 

Едно од двете деца моментално се наоѓа во психијатриска установа во Велика Британија, а другото живее во окружување во кое "добива голема помош".

##https://twitter.com/NickZeptepi/status/1018386794260230144##

Од Министерството за здравје бараат оштета во вкупен износ од 238 милиони фунти.

Иако признаваат дека децата требало порано да бидат згрижени, сенаторот Ендру Грин, министерот за здравје во Џерси, го оспорува бараниот износ за оштета и смета дека би требало да добијат само 14,5 милиони фунти.

Клиничкиот психолог др. Мирјам Силвер, која сведочела во Кралскиот суд во Џерси, изјавила дека станува збор за еден од најтешките и најсложени случаи со кои се соочила во животот. Таа навела неколку примери кои, според нејзините зборови, ги потврдуваат размерите и тежината на злоставувањето на кое децата биле изложени во семејството.

Едно од двете деца убило мачка во семејниот дом, а, како што истакнала, агресијата кон животните покажува "високо ниво на вознемиреност".

Таа укажала на доказите за "долготрајно и хронично занемарување на децата", како и "пример за емоционално злоставување од страна на родителите".

Децата биле фокусирани на сексуалност, агресивни во игра и не покажувале сочувство кон своите врсници. Мајка им ги нарекувала "ѓубре", пред нив зборувала за самоубиство, се повредувала во нивно присуство и била сосема незаинтересирана за нивните потреби, на кои реагирала така што ги тепала и критикувала.

Откако од децата било побарано на кукли да покажат што се случувало во куќата, се стекнал "застрашувачки увид", бидејќи едното од нив константно покажувало различни варијанти на инцест и садистичка суровост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг