Арсовски: Владата да одговори колку ќе потроши за прославата

Макфакс

13/07/2018

16:25

1.360

Големина на фонт

а а а

Сведоци сме на изјави на некои од музичарите што биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле манипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ.

Дополнително, само СДСМ може да организира прослава за промена на името и да им продава пиар на граѓаните дека влегуваме во ЕУ и НАТО и затоа се слави. А сите, за жал, видовме дека добивме датум за датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО ако и само ако доколку го смениме уставното име на Република Македонија, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако СДСМ е подготвен да лаже за договарање артисти за настап, замислете за што сè е подготвен да лаже и да манипулира за многу поголеми работи што ни претстојат во наредниот период и во иднина. Излажа за прославава, излажа за 500 евра плата, излажа за влез во ЕУ и НАТО, излажа дека нема да се менува Уставот. Суши-лаже за сè и сешто. Ако артистите и прославата биле договорени пред еден месец, Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на таа прослава? Која е фирмата што ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлението и колку пари чини тоа бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?“, праша Арсовски.

Според него, сумата за ангажманот на изведувачите очигледно е огромна штом се крие од страна на Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг