Пристигнувањето на Роналдо значеше и шут карта за неколку клучни играчи на Јуве

Дерби

13/07/2018

15:56

2.330

Големина на фонт

а а а

Шпански „АС“ кој секогаш прв доаѓа до информации кои се поврзани со фудбалерите на Реал Мадрид, прв побрза да соопшти за заминувањето на Роналдо во Јувентус, а сега и прв соопшти за тоа кои фудбалери го напуштаат Јувентус поради доаѓањето на Португалецот.

Прв кој треба да си оди е Аргентинецот Паоло Дибала, кој е во преговори со Ливерпул и вториот Аргентинец во редовите на Јуве, Гонзало Игуаин кој е во преговори со Челзи. Според овој медиум, со продажбата на овие двајца фудбалери, Јувентус ќе инкасира околу 180 милиони евра со што ќе го испочитува и финансискиот фер-плеј, за кој многу сериозна е УЕФА, кога се работи за негово прекршување.

Дали, овие трансфери значат и тивко расчистување на конкуренцијата на Роналдо и негова слобода во изборот на соиграч во нападот, останува да видиме, со следниот потег кој ќе го направи раководството на Јуве.



Спонзорирани линкови

Маркетинг