Сабатини посочи што ќе донесе Роналдо во Серија А

Дерби

13/07/2018

13:56

1.494

Големина на фонт

а а а

Техничкиот директор на Самдорија, Валтер Сабатини истакна дека трансферот на Кристијано Роналдо е луцидно лудило кое води до збогатување на италијанскиот фудбал.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња потпиша договор со Јувентус, а поранешниот спортски директор на рома верува дека тоа може да донесе само добри работи за Серија А.

-Тоа е луцидно лудило кое ќе го збогати италијанскиот фудбал и ќе го крене Јувентус. Во еден момент требаше да си лудо храбар да помислиш дека овој договор ќе биде постигнат- коментираше Сабатини за „Кориере Дело Спорт“.

Трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус одекна како вистинска „бомба“ и со сигурност ќе донесе квалитет во Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг