Нови снимки ги покажуваат ужасните лавиринти во пештерата во Тајланд, погледнете како спасувачите ги извлекуваа полусвесните деца низ тунелите

Точка

13/07/2018

12:08

5.557

Големина на фонт

а а а

Веќе поминаа два дена откако на Тајланд се спасени децата од пештерата. Тие заедно со својот тренер, се опоравуваат во болница, а во меѓувреме се појави уште една снимка која покажува колку напорно и тешко било спасувањето.

За акцијата да биде успешна, децата биле под лекови. "Не им дававме анестетици, туку лекови против анксиозност. Тоа беше направено за да не бидат нервозни и да не се вознемируваат за време на извлекувањето. Тоа се истите лекови кои ги користам јас кога пукам", вели тајландскиот премиер Прајут Чан-о-Ча. 

"Некои спиеја, некои имаа прекрстени раце, но сите дишеа", вели командантот на тајландската морнарица Чаијананат Перанаронг.


"Децата веќе беа завиткани кога почнавме да ги изнесуваме и редовно ги следеа доктори поставени долж рутата од еден километар", додава командантот.

Тој не кажал дали тренерот, единствената возрасна личност која со децата била девет дена пред да ги пронајдат, бил способен да нурка и да излезе од пештерата без помош.


Снимките кои ги објави тајландската морнарица покажуваат како спасувачите носат шлемови и користат јажиња и гумени цевки за да ги извлечат децата на сигурно.

Меѓутоа, властите на Тајланд не откриле како децата можеле да поминат низ тесните и потопени делови од пештерата, дури и со поддршката од нуркачите, иако ниту едно од нив не знаело да плива и нурка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг