Протекоа информации за трансферот на Роналдо: Откако добил корпа од два клуба, на крајот завршил во Торино

Дерби

13/07/2018

11:26

3.557

Големина на фонт

а а а

Кога во време на Светското првенство сите очи се вперени во тоа кој ќе ја понесе мундијалската титула, очигледно раководството на Јувентус со потегот кој го направија, со ангажманот на Роналдо, ова најголемо и најпосакувано првенство го ставија во втор план. Трансферот дека е вистинска еуфорија потврдија, актуелни и поранешни фудбалери од Реал Мадрид и Јувентус кои со пораки го поздравија неговиот нов ангажман.

Но, според последните информации кои излегоа на површина очигледно клубот од Торино, последен се фатил за јадицата за доаѓање на Роналдо во нивните редови. Шпанските и француските медиуми на големо почнаа да пишуваат дека Роналдо преку неговиот менаџер пратил јасна порака најпрвин да разговара со раководството на ПСЖ за негов премин во нивните редови со што експресно бил одбиен, а потоа решил да проба во неговиот претходен клуб Манчестер Јунајтед по што и таму добил корпа, па на ,,трета мајка” му успеало со Јуве.

Интересно е што одговорот на двата клуба бил дека 100 милиони евра се сериозни пари за фудбалер кој е веќе во одминати години и дека не прифаќаат да одвојат толку голема сума фудбалер како што е Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг