Демократски сојуз: Македонија е креатор на мирот и стабилноста

Макфакс

13/07/2018

10:50

966

Големина на фонт

а а а

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор. Членството во најпрестижниот „Клуб” е верификација на долгогодишните реформи, откажувања, компромиси и борба за владеење на правото и правната сигурност.

Македонија станува кредибилен партнер на НАТО, креатор на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Пред сите нас претстои силен предизвик, да изградиме национално единство, да продолжиме со реформите, да ги надминеме предрасудите и со високо крената глава да потврдиме дека сме демократска и просперитетна држава.