Страшни поројни дождови и спасување во кал, кога ќе ги погледнете овие фотографии ќе сфатите низ што поминувале спасувачите во Тајланд

Точка

12/07/2018

17:05

5.364

Големина на фонт

а а а

Светот и понатаму слави за хероите кои со надчовечки сили и напори ги спасија 12 млади фудбалери и нивниот тренер од потпопената пештера во Тајланд.

На социјалните мрежи кружат фотографии кои покажуваат низ каква мака поминувале спасувачите и каков данок претпрпеле сите инволвирани во оваа акција, спасувачите, децата, тренерот, нуркачите. 


Поради фактот дека во спасувањето учествувале стручњаци од целиот свет, тајландските медиуми ја нарекле оваа акција "успех на обединетите народи".

Спасувачите работеле и дење и ноќе, исцрпувајќи се до граница на издржливост со цел децата да бидат извлечени на безбедно.


Стотина луѓе буквално живееле покрај и во пештерата сè додека последното дете не биде извлечено.

Спасувачите спиеле на земја и во кал и воопшто не се штеделе со цел акцијата да помине во најдобар можен ред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг