Алегри даде прва изјава за сензационалниот трансфер на Роналдо: Ова не е лесно лето за мене…

Дерби

12/07/2018

13:32

1.599

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри на крајот на минатата натпреварувачка сезона имаше дилеми дали да остане во Јувентус, но откако одржа состанок со првите луѓе на клубот, донесе конечна одлука да ја продолжи својата етапа во тимот и повторно да биде прв човек при остварувањето на зацртаните цели.

Во своето последно интервју кое го даде за италијанските медиуми, тренерот на Јувентус поррача дека на тој состанок во ниту еден случај не му било кажано дека ќе биде купен Кристијано Роналдо, па како и за сите останати, така и за него оваа аквизиција на клубот е огромно изненадување.

– Кога зборував со клубот, не знаев дека Кристијано Роналдо ќе пристигне тука. Јас само го следев мојот инстинкт, искрено ова не е воопшто лесно лето за мене. Ја загубив мојата мајка пред еден месец и морав да донесам важна одлука за себе. Многу сум среќен во Јуве, сакам да му се заблагодарам на Перез кој се обиде да ме ангажира, но јас го избрав важниот проект на Јувентус, – порачува Алегри, додавајќи дека сега гладта за освојување на титулата во Лигата на шампионите уште толку е поголема со последната аквизиција.

– Менаџментот на клубот и претседателот направиле нешто извонредно штом успеаја да го доведат во Јувентус. Ова е голем плус за нас, но пред се за италијанскиот фудбал. Освојувањето на Лигата на шампионите секогаш беше цел на клубот, но ангажманот на Роналдо ќе не натера уште толку да притиснеме за остварување на тоа. Не само тоа, тука се и италијанскиот куп, Серија А, Суперкупот, тоа се нашите четири цели пред стартот на сезоната, – заклучува тренерот на Јуве.



Спонзорирани линкови

Маркетинг