Заев на свеченост ќе ја прими поканата за НАТО од Столтенберг

Макфакс

12/07/2018

09:48

1.050

Големина на фонт

а а а

На свеченост што ќе се одржи во новото седиште на НАТО во Брисел, на вториот ден од самитот на шефовите на држави или влади, членки на алијансата, премиерот Зоран Заев ќе ја прими поканата за пристапни преговори со НАТО од првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг.

Настанот на примопредавањето ќе се одржи во 13 часот.

Вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Македонија добива покана да ѝ се приклучи на алијансата, по целосното исполнување на договорот со Грција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг