НАТО ја покани Македонија да почне преговори за членство, објави генeреалниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција.
Како што кажа тој, Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.
На новинарско прашање, Столтенберг рече дека не може во НАТО со нерешен проблем за името.
„На граѓаните е да одлучат. Ова е животна шанса. Јасно порачавме дека Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО кога ќе завршат сите внатрешни процедури“, истакна Столтенберг.