"Ќе те убијам", му велела на љубовникот во судницата: 30 години затвор за Италијанката која го убила 8-годишниот син бидејќи ја фатил во секс со неговиот дедо

Точка

11/07/2018

22:09

10.176

Големина на фонт

а а а

Вероника Панарело, Италијанката која кон крајот на ноември 2014. година со кабел го задавила својот 8-годишен син Лорис, судот на Сицилија ја осудил на затворска казна од 30 години поради ова убиство, кое ја згрозило Италија.

Кога во судницата било прочитано дека нејзината затворска казна е потврдена, нервозната Панарело почнала да му вика на својот љубовник и свекор, Андреа Стивал: "Ти си виновен. Ќе те убијам со мои раце". Полицајките одвај ја смириле и ја одвлекле. 

Панарело го претепала и го давела со кабел својот син Лорис Стивал во семејната куќа во местото Санта Кроче Камерина на Сицилија затоа што детето случајно дознало дека таа е во врска со неговиот дедо. Жив го фрлила во канал, каде рибарите го пронашле неговото тело.

Полицајците најпрво ги лажела дека детето отишло во училиште и не се вратило. Кога испрашувањето продолжило, таа ја променила приказната - детето си играло со кабли и случајно починало. Конечно признала дека Лорис налетал на неа и својот дедо, нејзиниот свекор, Андреа, додека имале секс. Наводно Андреа го убил.

Во октомври 2016. година Панарело е прогласена за виновна за убиство и осудена е на 30 години затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг