ДУИ побара целосно расчитување на случајот и казнување на виновниците за смртта на Саздовски

Макфакс

11/07/2018

15:11

808

Големина на фонт

а а а

Демократската Унија за Интеграција изрази длабоко сочувство до родителите, семејството и блиските на починатиот Никола Саздовски. Според партијата, загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претставува чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда.

„Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот, за целосно расчистување на случајот, и без никаква задршка, изведување на виновниците пред лицето на правдата. Според информациите кои се достапни на целата јавност, учесниците во овој немил настан се навремено идентификувани, и определени се понатамошни мерки во постапката, со што, правно, очекуваме брзо, правично и ефикасно спроведување на правдата.

Со оглед на насилната природа на овој настан, и пораката за омраза која е испратена со овој чин, но и со целосно разбирање на револтот на роднините и пријателите на младиот Никола Саздовски, како и јавниот израз на загриженост на граѓаните, сакаме да упатиме апел кој ќе води кон смирување на овој револт, апел за воздржување од провокации, особено апел за воздржување од пораките на омраза и нетрпеливост, кои претставуваат основа за ваквите насилни и немили настани“ велат од ДУИ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг