Јувентус по Роналдо носи уште едно засилување од Мадрид

Дерби

11/07/2018

14:29

1.933

Големина на фонт

а а а

По трансферот на Кристијано Роналдо, медиумите во Италија пишуваат дека од редовите на Јувентус ќе тргнат по услугите на Марсело доколку Алекс Сандро го напушти клубот.

Според „Медиасет Премиум“ работата помеѓу Јувентус и Реал Мадрид можеби се уште не е завршена. Имено, доколку Алекс Сандро го напушти Торино, а за него има интерес од ПСЖ, Челси и Манчестер Јунајте кои се подготвени да платат околу 60 милиони евра, од Јувентус ќе се насочат кон Марсело, кој како Роналдо е еден од најдобрите играчи на „Кралевите“.

30 годишниот лев бек има договор со Реал Мадрид до 2022 година и неговиот трансфер сигурно нема да биде евтин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг