Се слушнале крици од пештерата во која биле заробени децата: Спасувачите откриваат драматични настани од последниот ден од акцијата!

Точка

11/07/2018

14:47

8.806

Големина на фонт

а а а

Последниот ден од спасувачката акција на Тајланд бил многу драматичен, а само среќата ги спасила нуркачите да не настрадаат.

Имено, откако ги извлекле сите деца и тренерот, главната пумпа која ја испумпувала водата од пештерата престанала да работа, а тогаш нивото на водата почнало да расте. 

Неколку часа откако и последното дете било извлечено на површината, тројца нуркачи од Австралија ја чистеле опремата во комората 3, инаку база на спасувачкиот тим внатре во пештерата, каде нивото на водата било доволно ниско и дозволувало да се оди исправено. Тогаш главната пумпа престанала да работи, а водата да ја полни комората.

Нивото водата почнало неверојатно брзо да расте. Се слушнале страшни крици од членовите на спасувачкиот тим, кои се бореле да дојдат до сувиот дел и да побегнат од водата која доаѓа.

"Криците се слушнаа откако главните пумпи откажаа и водата почна да доаѓа. Се појавуваше од сите страни", рекол еден нуркач.

Околу 100 спасувачи кои се наоѓале во тој дел на пештерата, тргнале кон излезот и еден час подоцна биле на безбедно.

Со нив на површината излегле и тројца припадници на тајландските "фоки" и австралискиот лекар кои претходните денови биле со децата и нивниот тренер во пештерата.

Потсетуваме, 12-те деца и нивниот тренер се спасени од пештерата на северот на Тајланд, во која минале 17 дена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг