Дел Пјеро детално објасни што сè добива Јувентус со сензационалниот ангажман на Роналдо

Дерби

11/07/2018

10:54

1.215

Големина на фонт

а а а

Како и сите поранешни легенди и големи играчи на Јувентус, така и Алесандро Дел Пјеро е возбуден од бомбастичниот трансфер кој го изрежира клубот со ангажманот на Кристијано Роналдо, играч кој експресно направи италијанскиот фудбал да се најде во центарот на вниманието на светската спортска јавност.

Популарниот „Пинтурикио“ важи за една од најголемите ѕвезди која го носеше црвно-белиот дрес во последните две децении, а миленикот меѓу фановите на Јувентус има само пофални зборови за фамозното пристигнување на досегашниот играч број еден на Реал Мадрид.

Покрај придонесот кој ќе го има од маркетиншки гледна точка за Јувентус и за целата италијанска лига, Дел Пјеро додава дека неговиот омилен клуб сепак најмногу ќе профитира од она што го прави Роналдо поинаков од другите, односно неговата глад за победи и успеси.

– Ова што се случи е многу големо за Јуве и за италијанскиот фудбал. Торино ќе го прифати со многу љубов, а останатите екипи ќе се обидат да се засилат за да го сопрат овој непобедлив Јувентус. Денеска се зборува за Серија А во цел свет, а тоа доволно говори колку е голем Роналдо. Кристијано е невеорјатен, може да постигнува голови на сите можни начини, а најмногу ми се допаѓа неговата неуморна желба за победа. Јувентус од тоа најмногу ќе профитира, неговата глад секогаш го води напред, не само него, туку и целиот тим. Јувентус сака да биде еден од најдобрите клубови во светот, а со Роналдо може да ја освои Лигата на шампионите, – детално објасни Дел Пјеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг