Шефот на спасувачката мисија ја отфрли помошта на Илон Маск

Макфакс

10/07/2018

10:58

2.108

Големина на фонт

а а а

Шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот претприемач, Илон Маск, кој пред неколку дена дизајнираше мала подморница, со чијашто помош децата би тебало да се спасат лесно и брзо.

„Иако неговата технологија е добра, тоа не е добро за оваа мисија“, рече Наронгсак Осатанакорн, кој моментално ја координира мисијата.

Маск преку социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека се наоѓа во Тајланд со прототипот на мини-подморницата, кој ако не сега, би можел да послужи во иднина.

„Само што се вратив од пештерата Три. Мини-подморницата е подготвена доколку има потреба. Направена е од ракетни делови и наречена „Дива свиња“ по името на фудбалскиот клуб за кој тренираат децата. Ја оставам во случај да најде корист во иднина“, напиша Маск, којобјави и видео-снимка од симулацијата на движење на подморницата низ пештерата.