Уште едно момче ќе биде извлечено за четири часа, тврдат тајландските власти

Макфакс

09/07/2018

11:32

1.054

Големина на фонт

а а а

Во тек е спасувачка операција за извлекување на преостанатите осум момчиња и нивниот тренер од пештерата во Тајланд, потврдија официјални лица, а пренесе „Гардијан“.

Според информациите, нуркачите влегле во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за околу четири часа.

Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрво, предводникот на акцијата соопштил дека прво се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

Во спасувачката мисија вчера беа спасени четири од дванаесетте деца. Младите фудбалери на возраст од 11 до 16 години заедно со нивниот тренер се заглавени во пештерата од 23 јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг