Се поизвесно неговото заминување: Роналдо го одбил новиот договор од Реал Мадрид

Дерби

01/07/2018

13:31

3.189

Големина на фонт

а а а

„Тутоспорт“ пишува дека Кристијано Роналдо одбил договор вреден 26.7 милиони фунти по сезона кој му бил понуден од таборот на Реал Мадрид.

Петкратниот освојувач на Златната топка кој вчера доживеа елиминација од Светското првенство во Русија најави заминување од Мадрид по крајот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Реал го совлада тимот на Ливерпул.

Италијанскиот весник јавува дека неговиот агент, Жорге Мендеш веќе почнал да работи на негов трансфер. Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ се споменуваат како најсериозни кандидати за потписот на Кристијано Роналдо.

Што ќе се случи со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе дознаеме наскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг