Роналдо му честиташе на Уругвај, па се осврна за организацијата на мундијалот откако доживеа елиминација

Дерби

01/07/2018

10:46

2.254

Големина на фонт

а а а

Неколку часа по елиминацијата на Аргентина и Лионел Меси, својот настап на мундијалот во Русија го заврши втората најголема ѕвезда во фудбалот, Португалецот Кристијано Роналдо кој заедно со своите соиграчи беше надигран од страна на мотивираните и пожртвувани Уругвајци.

Двата гола на Единсон Кавани се покажаа како непремостлива пречка за европските шампиони кои сепак не ја покажаа цврстината во одбраната како на Европското првенство во Франција, па така мораа да се помират со збогување од мундијалот уште во првата нокаут рунда.

Роналдо беше крајно незабележителен во дуелот со Уругвај и беше неутрализиран од страна на гранитната одбрана на тимот кој го предводи Табарез, а по крајот на средбата собра храброст да му честита на противникот, а притоа се огласи и за својата иднина во португалската селекција.

– Треба да му се честита на Уругвај бидејќи тоа е селекцијта која ќе игра во четвртфиналето. Сите мислиме дека имавме добар натпреревар и дека заслуживме повеќе, но во фудбалот победуваат оние кои постигнуваат повеќе голови, а тие постигнаа два. Мора да им се честита за тоа, а ние си одиме со високо кренати глави. Како капитен на Португалија знам колку добро работевме и горд сум на тимот. Исто така сакам да ја пофалам организацијата на мундијалот, се беше фантастично во сите погледи. Организациски, безбедносно се е на врвно ниво, амбиентот беше перфектен и тоа мора да се каже, – ги пофали Роналдо Русите, а потоа се огласи за својата иднина во селекцијата.

– Не е момент да се збоорува за иднната на играчите, тренерот и слично. Оваа селекција ќе продолжи да биде една од најсилните во светот, ова е млада и сплотена група. Убеден сум дека оваа селекција секогаш ќе го дава најдоброто, – заврши капитенот на Португалците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг