Марадона ја продолжува „војната“ со Рамос: Јас кажав што имав да кажам, може само да престане да се лути

Дерби

26/06/2018

16:44

1.684

Големина на фонт

а а а

Диего Армандо Марадона секој ден прави анализи за случувањата на Светското првенство во специјализираната програма „Мано де ла Диез“ на телевизијата „Телесур“, а ако завчерашното издание го искористи за да му испрати директна порака на Лионел Меси, сега одлучи да ја продолжи „војната“ со Серхио Рамос.

Марадона го прозва Рамос уште на почетокот на мундијалот порачувајќи му дека Диего Годин е многу пододбар стопер од него и вистински феномен, а ваквите зборови на Аргентинецот воопшто добро не ги прифати капитенот на шпанската фудбалска репрезентација кој му возврати со брутален одговор.

Во обраќањето на Рамос можеше да се намириса лутина во зборовите, па затоа Марадона одлучи да ја повтори својата изјава и да му испрати искрен совет на стоперот.

– Сакам да му кажам на Рамос дека може да престане да се лути, феноменот е Годин и точка. Нема што да се каже повеќе на оваа тема, – порача Дон Диего.



Спонзорирани линкови

Маркетинг