Кеирош смета дека Роналдо не бил исклучен поради едно нешто: Се вложуваат милиони долари, но на крајот…

Дерби

26/06/2018

11:54

1.546

Големина на фонт

а а а

Карлос Кеирош веќе во неколку наврати го искажа своето огромно незадоволство за тоа како функционира ВАР системот, а мора да се напомене дека искусниот португалски стручњак беше уште поконфузен за употребата на овој новитет по драматичниот крај на мечот меѓу Португалија и Иран.

Кеирош кој е селектор на Иран можеше да види како неговите играчи лавовски се борат со големиот фаворит и сведочеше на неверојатна шанса на неговите играчи за победа и пласман во осминафиналето во 95-та минута од мечот, а иако една минута претходно селекцијата од средниот Исток беше наградена со ВАР пенал, Кеирош уште еднаш испрати „отровни стрели“ до одговорните луѓе на ФИФА за слабата подготовка и ужасна функција на системот.

– Мора да бидам паметен бидејќи ме слушаат сите луѓе од ФИФА. Навистина беше чудно кога го досуди пеналот на крајот. Никој не знае што се случува. Задоцнето се прекинува играта и потоа пет или шест лица ја гледаат ситуацијата на забавена снимка. Сметам дека како тренер, мора да знам што се случува и што зборуваат тие судии. Не сакам да зборувам повеќе за ова и да си направам проблеми. Кажав вчера и ќе го повторам истото. Сакам да знам дали мојата ќерка е бремена, а не дали малку е бремена. ВАР не оди во добар правец, не се организирани, едноставно не функционира како што треба, – вели Кеирош кој иако вели дека отсега ќе навива за својата матична Португалија, додаде дека Роналдо не бил исклучен само поради тоа што е голема ѕвезда.

– Не знам зошто не го исклучи, најверојатно зошто е голема ѕвезда на фудбалот. Тоа е добро прашање. Она што нема никаква логика е тоа што судиите виделе агресија, а за тоа му дадоа само жолт картон. Не зборувам за судиите, зборувам за цел систем кој ФИФА се обидува да го активира. Едноставно нешто не функционира, се вложуваат милиони долари, а на крајот одлучуваат пет или шест луѓе кои очигледно не се добро обучени, – завршува иранскиот селектор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг