Марадона му испрати директна порака на Меси: Сакам да ти кажам едно нешто…

Дерби

25/06/2018

21:03

5.275

Големина на фонт

а а а

Диего Армандо Марадона имаш подолго излагање за телевизијата „ТелеСур“ во кое воглавно зборуваше за колапсот на аргентинската фудбалска репрезентација на првите два натпревари на мундијалот во Русија, но со оглед на тоа што Лионел Меси вчера го прослави својот 31-ви роденден, легендарниот Дон Диего имаше директна порака до капитенот на „гаучосите“.

Марадона имаше можност да го тренира Меси на мундијалот во 2010 година, па потсетувајќи се на убавите времиња, му порача на Лео дека тој нема никаква вина за катастрофалните изданија на аргентинската селекција.

– Сакам да му кажам едно нешто. Ти не си воновен за ништо, ти апсолутно не си виновен за ништо. Јас те сакам како секогаш, те почитувам како секогаш. Со мене имаше исклучителен мундијал, покажа класа против сите голмани кои ги имаше за противници. За твојот роденден, ти посакувам се најдобро од срце, – порача Марадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг