Тиаго Силва: Го сакам Нејмар како помал брат, но вчера ме растажи со тоа што го направи на теренот!

Дерби

23/06/2018

18:41

4.028

Големина на фонт

а а а

Бразил на херојски начин успеа да стигне до драгоцени три бода против Коста Рика, постигнувајќи два гола во судиското надополнување кое се покажа како пресудно за избраниците на селекторот Тите.

Филипе Кутињо го скрши мразот, а потоа на големото славје се надоврза и Нејмар кој по крајот на мечот почна да плаче како мало дете за сето она што го мина пред почетокот на мундијалот, а всушност првата ѕвезда на Бразил и претходно во неколку наврати се најде во центарот на вниманието бидејќи имаше жестоки расправии со судијата Кујперс.

Сепак, лошото однесување не било насочено само кон судијата, бидејќи капитенот Тиаго Силва на домашните новинари им откри дека останал разочаран од односот кој Нејмар го покажал со него во 83-та минута (момент кога Тиаго Силва им ја врати топката на противниците поради фер-плеј).

– Го сакам како помал брат, секогаш се обидувам да го чувам. Но, овојпат ме направи тажен, кога им ја вратив топката на Костариканците, тој ме навреди. Јасно е дека тие почнаа многу да го задржуваат времето, но таа топка немаше да ни ја донесе победата. Останав многу тажен од неговото однесување и потоа му го кажав тоа в лице, – открива Силва кој даде коментар и за емоциите кои ги покажа Нејмар по крајот на средбата.

– Нормално е што емотивно се распрсна, му падна голем товар од грбот. Сега мислам дека ќе биде многу помирен на третиот меч кој ќе го играме, – додава капитенот на Бразилците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг